Мадсен: Знаеме каква атмосфера има во Битола, но знаеме и што да направиме!

Тренерот на францускиот ПСЖ, Стефан Мадсен, зборуваше во пресрет на натпреварот со Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, најавувајќи задржување на добрата форма и на гостувањето во Битола. 

„Светците“ од Париз го обезбедија пласманот во плеј-офот на елитното натпреварување со победата над ПИК Сегед во минатото коло, но посакуваат победа и во салата „Боро Чурлески“. 

„Пласманот во плеј-офот беше значаен момент за нас. Сакаме да ја продолжиме добрата форма и да го забележиме третиот триумф во низа. Победите над ПИК Сегед и Загреб беа многу важни, а сега ќе се обидеме да извлечеме позитивен резултат и во Македонија

Знаеме дека Еурофарм Пелистер игра одлично пред својата публика, таму атмосферата е секогаш прекрасна. Ќе мораме да бидеме максимално фокусирани и расположени за игра, само така можеме да се надеваме на победа“, изјави Мадсен. 

Еурофарм Пелистер го дочекува францускиот гигант на четврти март во Битола. Натпреварот од тринаесеттото коло во Лигата на шампионите започнува во 20:45 часот.