Мадсен: Вардар секогаш се бори до крај, на сите ќе им биде тешко со него

Штефан Мадсен, тренерот на Алборг, по победата над Вардар 1961 во Лигата на шампионите (33-29) му честита на ривалот за добрата игра и воедно ги предупреди сите следни ривали на македонската екипа дека ќе им биде тешко со овој тим.

„Знаевме дека секогаш е тешко против екипи како Вардар. Одигравме доста добро. Вториот дел го почнавме ефикасно. Но, бевме претпазливи, Вардар е тим кој секогаш се бори до крајот. Кога играш против ислен тим со вакви играчи, секогаш е тешко. Среќни сме затоа што победивме. Сега сме подобри во директниот дуел со Вардар. Знам дека овој Вардар ќе биде тежок ривал за било кој друг ривал“, изјави Мадсен.

Во име на Алборг говореше и искуснот Јеспер Нислен, кој беше краток.

„Имавме добар натпревар и победивме. Среќни сме за двата бода. На Вардар му посакувам среќа во иднина и се надевам дека ќе се видиме повторно во иднина“, изјави Нилсен.

Алборг со оваа победа останува на чело на групата А во Лигата на шампионите.