• Саше Љолес
Екипата на Алборг ќе допатува во Битола, каде ќе се сретне со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во 13. коло од групата А во Лигата на шампионите.
Данскиот состав како голем фаворит доаѓа во Македонија, а тренерот Стефан Мадсен најавува голема борба и пожртвувана игра за исполнување на целта, а таа е пласман на едно првите две места во групата.
„Ќе пристигнеме во Битола после две исклучително тешки недели, во кои одигравме пет натпревари за осум дена. Тимот покажа дека е цврст во клучните моменти од сезоната и заедно стоиме пред сите предизвици понатаму.
Сакам да играме на високо ниво и тоа ќе го покажеме во Македонија. И покрај долгото патување, играчите ќе го дадат својот максимум за победа и обезбедување на едно од првите две места“, изјави Мадсен.
Алборг во моментов е на втората позиција во групата, со вкупно 16 бодови, додека нашиот претставник уште сѐ уште е без бодови во елитното натпреварување на ЕХФ. Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Алборг е закажан за 28 февруари, со почеток во 20:45 часот.