Мачковчек потпиша нов договор со Целје до 2020 година

Словенечкиот репрезентативец, Борут Мачковшек и во следните две сезони ќе го носи дресот на Целје Пивоварна Лашко.

25-годишниот лев бек по една и пол сезона во дресот на Монпелје се врати во татковината и ја обнови својата кариера, играјќи го најдобриот ракомет во кариерата. 

Мачковшек до 2020 година ќе биде најскап ракометар на европскиот првак од 2004 година.

„Жолтите“ имаат одличен тим и може да бидат еден од најсериозните конкуренти на Вардар во СЕХА лигата.