• Зоран Мишевски
Биту кога имаат негативен резултат педесет минути, норвешките ракометарки не се отпишани, а ни блиску од поразени. Финалето на Европското првенство во Словенија, Македонија и Црна Гора покажа дека старата норвешка гарда уште има сили за највисоки дострели.
Лунде, Норк и другарките направија несекојдневен пресврт и издвојуваа победа од 27-25 во „Стожице“ во дуелот против полетните соседи од Данска.
„Ова е навистина неверојатно. Натпреварот беше многу тежок. Личните рекорди не значат премногу, но навистина сум среќна затоа што победивме, а тоа беше единствено нешто важно вечерва“, рече ветеранката Катрин Лунде.
Разочарувањето беше видливо кај сите дански ракометарки, откако испуштија шанса да ја решат Норвешка многу порано отколку во финишот.
„Во финишот не бевме толку организирани во одбраната како во првите 55 минути. Норвешка ја има рутината и искуството и мислам дека тоа одлучи. Навистина сум разочарана, бидејќи бевме блиску до злато на овој за нас неверојатен турнир“, рече Луис Бургард.
Норвешка со девет европски титули е водечка на вечната листа на Европски шампионати во ракомет во женска конкуренција.