Лука Жвижеј jа заврши професионалната кариера

Најдобриот стрелец во историјата на словенечката ракометна репрезентација Лука Жвижеј официјално ја заврши кариерата во 38-та година од животот. Откако заврши сезоната во Германија, Жвижеј на истек од договорот со Минден одлучи да прекине со активно играње ракомет.

Брзото крило кариерата ја започна во 2000 година во Целје Пивоварна  Лашко, а настапуваше и за Тека Сантандер, Барселона, ПИК Сегед, Марибор Браник и Минден.

Жвижеј своевремено беше капитен и на Целје и на словенечката репрезентација и важи за еден од омилените ракометари на нацијата.