Лудвигсхафен го престави петтиот Македонец во Бундеслигата - Мартин Томовски

Македонија никогаш немала повеќе ракометари во Германија и во елитната Бундеслига. Потенцијалниот репрезентативец и до минатата сезона член на Металург од Скопје, Мартин Томовски денес беше претставен пред германските медиуми како нов член на Еулен Лудвигсхафен.

Клубот, кој на среќен начин со сплет на околности на останатите натпревари од последното коло од шампионатот на Германија остана во лигата, денес на јавноста ѝ ги презентира новите имиња. Покрај Томовски, на „бувовите“ им пристапија Јаник Клајн од Барса и Доминик Мапе и Макс Нојхаус.

Жарко Пешевски (Штутгарт), Филип Кузмановски (Магдебург), Филип Талески (Рајн Некар Левен) и Филип Миркуловски (Вецлар) се преостанатите македонски интернационалци во Бундеслигата.