ВИДЕО: Лудо славје во Охрид – проектилот на Тот за победа над Металург!

Екипите на Охрид и Металург одиграа вистински трилер натпревар во плеј-офот од Суперлигата, кој на крај заврши во полза на „гладијаторите“.

Момците на Раде Стојановиќ иако ја имаа улогата на аутсајдери на овој меч, во текот на сите 60 минути одлично му парираа на поискусниот Металург, а кога беше најпотребно на сцена стапи десниот бек Денис Тот. Во самиот финиш, при резултат 26-26, Охрид имаше напад за победа, а одговорноста ја презеде токму Тот, кој со проектил од девет метри, меѓу нозете на Ѓорѓески донесе огромна радост на домаќините и победа на својот тим од 27-26.

  • Голот на Тот за победа над Металург:

Токму Тот со шест гола беше најпрецизен во домашниот табор, додека кај Металург идентичен број голови постигнаа Поповиќ, Хорват и Додиќ.