• Горан Упале
Екипата на Пролет впиша важни бодови на своето конто во групата Б од Суперлигата. На дебито на Александар Јовиќ на клупата, ракометарите на Пролет со гол во последните секунди го совладаа Мулти Есенс (31-32) и се зацврстија на четвртата позиција на табелата.
- Комплетниот натпревар меѓу Мулти Есенс и Пролет:
Гостите помотивирано го отворија натпреварот. Избраниците на поранешниот предводник на двата битолски суперлигаши тргнаа сигурно во фазата на напад и поведоа со 2-5, но не го задржаа истото темпо и дозволија домаќинот брзо да се врати во игра. Беше 8-8, а во самиот финиш од првиот дел Мулти Есенс за првпат поведе и на полувреме замина со предност од 17-16.
Голема борба и многу неизвесност видовме и во вториот дел. Пролет одново беше тимот кој претежно водеше, но младите момци на Иван Марковски имаа одговор за секој налет на противникот, па натпреварот влезе во возбудлив финиш. Во тие моменти Мартин Димовски беше казнена експедиција за гостинскиот тим, но и Пролет имаше свој адут, откако Палески врза три гола. Во последната минута се влезе со резултат 30-31. Илиески погоди од цепелин за израмнување, но Арсеновски од центар погоди на празна мрежа и трите бода заминаа на контото на Пролет (31-32).
Токму Филип Арсеновски со осум гола беше најдобар поединец во таборот на Пролет, а одличен настап имаа и Мајнов со шест и Андоновски и Палевски со по пет гола. За Мулти Есенс прв стрелец беше Димовски со седум гола.