• Сашо Поповски

Рекордерот по бројот на титули во ракометното првенство во Данска, екипата на Колдинг, во последните моменти од мечот против Холстебро избегна испаѓање од елитната лига.
Петер Белинг погоди за конечни 29-28 и го спаси својот тим од испаѓање. Гостинскиот голман спречи реализација преку цепелин, но неколку секунди подоцна немаше одговор на вториот обид на противникот.
Поразот кај ГОГ Гудме значи дека екипата на Рингстед ќе се натпреварува ранг подолу наредната сезона.