• Горан Упале

Ракометарите на Мешков Брест по девет гола во новата сезона од Лигата на шампионите го забележаа првиот триумф во групата А, откако со минимални 32-33 славеа во трилер-завршницата на гости кај Елверум.
Херој на белорускиот шампион е голманот Иван Матскевич, кој во последните секунди од натпреварот најпрво фати „жива“ топка, а потоа погоди од „гол на гол“ за огромно славје на гостинските ракометари.
Микита Ваилупау имаше фантастичен натпревар на норвешкиот паркет и со осум гола беше прв стрелец во редовите на Мешков Брест, додека кај домашниот тим ист број на голови постигна Грондал.