• Иван Димовски
Ракометарите на Потсдам убедливо загубија на гостувањето кај Магдебург (25-15) во Бундеслигата.
Македонскиот голман Мартин Томовски имаше свое шоу во поразот кај фаворитот. Особено се истакна со една интервенција кога Магдебург тргна во контра, а тој дотрча од клупата кон својот гол. Томовски не стигна да се намести меѓу стативите, па скокна свртен со грб и го натера шутерот да го погоди.
Инаку, овој натпревар Мартин Томовски го заврши со 18 интервенции зад своето име, што и не е така лесно во слабиот тим на Потсдам.