Луд кам-бек на Словенија, од „минус девет“ до победа за втора фаза

Машката ракометна репрезентација на Словенија обезбеди пласман во втората фаза на Европското првенство по вистинска драма и спектакуларен пресврт во вториот натпревар од групната фаза.

Словенците во Осло одиграа натпревар за паметење, откако по катастрофалното прво полувреме и негатива од девет голови на стартот од вториот дел, успеаја целосно да го свртат текот на мечот и да слават со 38-35 (14-20). Со неверојатна енергија, агресивна одбрана и ефикасен напад, Словенија чекор по чекор ја топеше разликата и во завршницата покажа зошто важи за една од најнезгодните селекции на шампионатот.

Оваа победа им го отвори патот кон следната рунда, а расплетот во групата беше комплетиран со вториот натпревар од Групата Д, во кој Фарските Острови убедливо ја совладаа Црна Гора со 37-24 (19-12). По два одиграни натпревари, Црногорците останаа без освоен бод и ги загубија шансите за пласман понатаму.

Следна рунда слави и Унгарија, која нешто полесно славеше над Италија со 32-26 (14-13).