• Сашо Поповски

Денес во Будимпешта се одржа ждрепката за завршниот турнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Четири екипи ќе конкурираат за престижниот трофеј – Ѓер, Виперс Кристиансанд, Есбјерг и Мец. Во првото полуфинале најуспешниот колектив Ѓер го доби дебитантот на завршницата Есбјерг, додека актуелниот првак Виперс Кристијансанд ќе се судри со француски Мец.
Полуфинални парови за сезона 2021/22:
- Ѓер - Есбјерг
- Мец - Виперс Кристијансанд
Титулата од ланската сезона ја брани екипата на Виперс Кристиансанд. Завршниот турнир ќе се одигра во Будимпешта на 4/5 јуни.