Никој не очекува ново чудо од Вардар, започнува ЛШ без лански шампион

Ракометната сезона во Лигата на шампионите ќе биде отворена денес со четири натпревари од првото коло. Меѓу нив ќе биде и гостувањето на Вардар 1961 кај Мешков Брест, каде сè уште актуелниот европски првак загуби убедливо на последното соочување минатата сезона.

Титулата од минатата сезона не е доделена поради пандемијата со коронавирусот. Поради тоа вардарци можат да се пофалат дека и натаму се владетели на европскиот ракомет. Наследникот ќе го добијат по завршниот турнир кој е планиран да се одржи на крајот од декември оваа година.

Уште од порано се познати учесниците на двете групи А и Б. Првите две места носат директно учество во четвртфиналето, додека пласманот од 3-6 место за екипите ќе значи влез во плеј-оф натпревари и трка за место меѓу најдобрите осум на стариот континент. 

Вкупно 16 држави ќе имаат свои претставници во новото издание на Лигата на шампионите, кои ќе се борат за престижниот трофеј кој ќе биде доделен во јуни наредната година. Ждрепката за групната фаза беше одржана на 1 јули во Виена, Австрија и посака групите да изгледаат вака:

Група А: Вардар 1961, ПСЖ, Порто, Киелце, ПИК Сегед, Мешков Брест, Флензбург, Елверум

Група Б: Барселона, Веспрем, Алборг, Кил, Нант, Мотор Запорожје, Целје Пивоварна Лашко, ППД Загреб 

Меѓу фаворитите кои се издвојуваат секоја година нема никакви изненадувања. Барселона, германските гиганти, Веспрем и унгарските клубови се главни конкуренти за титулата, а Вардар оваа сезона ќе биде сместен во шеширот аутсајдер. Тимот на Стевче Алушовски ќе се обиде да приреди изненадување и ќе го користи искуството за да изненади дел од фаворизираните противници.

Завршниот турнир во Келн ќе се одржи на 12-13 јуни 2021 година кога ќе биде крунисан новиот европски шампион. За единствениот македонски претставник во ракометната елита цел ќе биде пласман во нокаут фазата, а секој чекор понатаму ќе биде екстра успех.