Лоши вести за пелистерци од Франција: Висла го урна богатиот ПСЖ

Нов ден, нова голема сензација во Лигата на шампионите. Овој пат во групата на Еурофарм Пелистер, каде екипата на Висла Плок славеше над ПСЖ (28-31) и така го прескокна Еурофарм Пелистер на табелата.

Во еден меч кој беше неизвесен до крајот, полскиот тим ги освои важните бодови во францускиот град и така застана пред пелистерци на табелата, иако двата тима имаат ист број на бодови. До крајот на групната фаза има уште три кола, па сигурно дека битката за плеј-оф ќе биде интересна.

Најдобар стрелец во сезнацијата на Висла беше Чехот Пирох со десет гола, пред Фазекас со осум гола, додека кај ПСЖ, Соле и Стеинс имаа по вкупно седум реализации во противничката мрежа.

Во следното коло од Лигата на шампионите, Висла Плок ќе му биде домаќин на Фуксе Берлин, додека Еурофарм Пелистер се соочува со Динамо Букурешт дома.