• Сашо Поповски

Македонската репрезентативка и членка на екипата на романска Глорија Бузау, Елена Ливриниќ, добила позитивни резултати на коронавирусот, информираат тамошните медиуми.
25-годишната ракометарка е единствена од својата екипа која била позитивна на тестовите направени оваа недела.
Нејзината авантура во тимот започна оваа година, откако одлучи да пристигне од редовите на Рапид Букурешт. Претходно играше за ЦСУ Данубиус, а ја започна кариерата во Металург.
Втората ракометарка позитивна на коронавирусот во романското првенство е Адријана Тачалие.