Љубов, страст, емоции...: 4.000 грла ја отпеаја „Ако одам во Битола“ (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер оствари историски резултат во СЕХА лигата и за една седмица ќе биде во друштво на најдобрите четири екипи во регионалното натпреварување. 

Во четвртокот во битолскиот пекол падна екипата на Мешков Брест, а оваа победа на „зелено-белите“ им донесе прво учество на една завршница во СЕХА првенството. Како и секогаш, во салата „Боро Чурлевски“ атмосферата беше незаборавна, а на одличниот меч на избраниците на Ларс Валтер му претходеше спектакуларна изведба на песната „Ако одам во Битола“ од страна на четири илјади грла во салата, водени од домашниот пејач Димитар Андоновски.

Со битолската атмосфера за првпат се „запознаа“ новајлиите во тимот, како и тренерот Валтер, кои и самите беа одушевени и не ги криеја импресиите од она што се случуваше на трибините пред, за време и по натпреварот.