• Зоран Мишевски

Шведскиот стручњак и човекот кој на германски Флензбург му ја донесе европската титула, Љубомир Врањеш го презеде првакот на Шведска, тимот на Кристијанштад.
Некогашниот среден бек на шведската репрезентација, на тренерското место ќе го замени Ола Линдгрен, кој спогодбено го раскина договоророт со клубот од југот на Шведска.
Врањеш не се прослави во Веспрем и експресно доби отказ. На новото тренерско место, младиот 45-годишен стручњак ќе дебитира против Вардар во натпревар од Лигата на шампионите на 23 февруари во Шведска.
Во својата кратка тренерска кариера, Врањеш кратко беше селектор и на Србија.