Љевар: Сите знаеме што значи Вардар и каква историја има!

Лидерот во Суперлигата, Вардар го претстави своето ново засилување за следната година. Во црвено-црното семејство доаѓа Леон Љевар, лев бек кој моментално ги брани боите на тимот на Слован од Словенија.

По потписот со Вардар хрватскиот репрезентативец истакна дека е среќен што ќе има шанса да ги брани боите на двократниот европски шампион.

„Многу ми е големо задоволство и чест што потпишав за Вардар. Сите знаеме каква историја има Вардар и ми е мило што имам можност да бидам дел од таков клуб. Се радувам на играњето во Вардар и се надевам дека ќе помогнам на тимот да ги оствари сите поставени цели“, изјави Љевар.

Поради мала повреда Љевар мораше да го пропушти ЕП во Данска, Шведска и Норвешка иако беше на списокот на хрватскиот селектор. Тој со Вардар потпиша договор на две години.