• Мартин Танасковски
Првиот дел од месец октомври носи спортски настани, а меѓу нив е и европското деби на ЖРК Чаир. Македонскиот тим предводен од Басри Љатифи ќе игра во ЕХФ Купот каде ќе се соочи со српска Наиса Ниш.
Љатифи е оптимист пред двомечот. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, додека реваншот е на гостински терен. Верува во своите ракометарки кои се на број, затоа што нема повредени.
„Атмосферата во клубот е одлична, немаме повредени ракометарки, што значи дека ќе бидеме комплетни. Двете ракометарки кои беа дел од репрезентацијата на Македонија се вратија во тимот и заедно работиме. Сакаме успех во дуелите со Наиса Ниш и ќе го дадеме нашиот максимум да си ја оствариме целта“, изјави Љатифи.
Првиот натпревар меѓу Чаир и Наиса ќе се игра во салата „Кале“ в сабота од 18:00 часот, додека реваншот во Србија е следната седмица.