Ливриниќ тргна со Рапид Букурешт во новата романска авантура

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ се адаптира во новата средина во Романија и тргна да игра натпревари.

Ливриниќ, која има 24 години и игра стандардно во репрезентацијата на Македонија како среден бек, направи трансфер од Данубиус Галаци во редовите на Рапид Букурешт. За неа, ова е втора авантура во Романија, а истата почна со натпревари.

Покрај за двата романски клуба, Ливриниќ во кариерата настапуваше и за ЖРК Металург.