Ливриниќ се сели во Унгарија, ќе тресе мрежи за Сомбатељ

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ повторно промени средина, и по неколкуте сезони во Романија се сели во унгарскиот шампионат.

Девојката која настапува на левата бековска позиција и има 27 години во следниот период ќе ги брани боите на Сомбатељ. клуб кој се натпреварува во најквалитетната унгарска лига. Минатата сезона таа ја мина во романска ЦСМ Слатина, а претходно во романскиот ракометен шампионат ги бранеше боите на Рапид Букурешт, Галаци и Глорија Бузау.

Ливриниќ е дете на Металург, за кого настапуваше од 2011 до 2016, по што следуваше преселба во Романија.