Ливриниќ пак блесна за Рапид и заврши како нај-стрелец на турнир во Крајова

Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ имаше одличен старт со романскиот тим Рапид Букурешт.

Бекот настапи на пријателски турнир во Романија, каде заврши како најдобар стрелец. На три меча во Рапид Букурешт, Ливриниќ постигна вкупно 14 гола и ја доби статуетката како лидер. Покрај Рапид Букурешт, на овој турнир играат уште Крајова, Залау и ЦСМ Слатина.

Елена Ливриниќ во редовите на Рапид пристигна од романски Данубиус Галаци. Покрај за двата романски клуба, Ливриниќ во кариерата настапуваше и за ЖРК Металург.