Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ втор натпревар по ред во романскиот шампионат е најдобра во составот на Данубиус Галаци, но ако минатиот пат не победија, сега таа и нејзините колешки прославија триумф.
Данубиус го победи тимот на Залау со минимални 25-24, а најголемата заслуга за тоа ја има токму Ливриниќ. Освен што го постигна победничкиот гол на половина минута до крајот, таа беше и најдобар стрелец.
Втор меч по ред македонската интернационалка постигнува 11 голови, па ако продолжи вака, сигурно ќе се бори за титулата најдобар стрелец во романскиот шампионат со ракометарки како Кристина Неагу, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ...