Литванци ќе ни судат против Црна Гора, Начевски и Николов првпат делегирани на ЕП

Ракометните репрезентации на Македонија и Црна Гора со порази го отворија Европското првенство во Унгарија и Словачка, па во второто коло од групата А немаат право на нов кикс, доколку сакаат да останат во игра за пласман во главната фаза од шампионатот.

Токму двете селекции, утре, со почеток од 18:00 часот, ќе се соочат во Дебрецин, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одреди судиската двојка која што ќе ја дели правдата на овој меч.  Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика ќе ја имаат задачата да воспостават ред на теренот, а на вториот натпревар од оваа група, меѓу Данска и Словенија судии ќе бидат Андреу Марин и Игнасио Гарсија од Шпанија.

Македонија во воведното коло одигра сосема коректен натпревар против Словенија, но неискуството и многуте грешки на нашите избраници донесоа минимален пораз, додека Црна Гора беше убедливо поразена од големиот фаворит Данска.

Славе Николов и Ѓорѓи Начевскки првпат се делегирани на Европското првенстви. Тие утре ќе му судат на домаќинот Словачка, кој ќе се соочи со Литванија во рамките на групата Ф.