Литванци ќе им судат на АЕК и Алкалоид во Грција, Португалци во Скопје

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги одреди судиите кои ќе делат правда во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ во кој Алкалоид и АЕК ќе играат двомеч за трофејот во Атина и Скопје.

Првиот натпревар тимовите го играат во Атина, таму главни судии ќе бидат Литванците Гитис Сниуревичиус и Андриус Григалионис. Делегати на мечот се Свеин Олаф Ое од Норвешка и Франциско Блазгес Гарсија од Шпанија.

Во Скопје, пак, ќе судат Португалци. Тоа се Даниел Мартинс Акото и Роберто Мартинс Акото. Делегати се Денис Рејбел од Франција и Фрањо Бобинац од Словенија.

Натпреварот меѓу АЕК и Алкалоид се игра на 18 мај, додека реваншот во Скопје е на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“.