Липовина им откажа на Црногорците, во иднина ќе игра за друга репрезентација

По Вуко Борозан, Небојша Симиќ и Бранко Вујовиќ, уште еден талентиран црногорски ракометар се одлучи да игра за друга репрезентација. Некогашниот ракометар на Металург, Владан Липовина во иднина најверојатно ќе настапува за репрезентацијата на Катар. 

Десниот бек кој е прв стрелец во Обединетите Арапски Емирати, пред неколку дена закажал средба со селекторот Драган Ѓукиќ, и му соопштил дека нема да игра за репрезентацијата на својата родна земја, Црна Гора.

24-годишниот Липовина неофицијално заради хаосот во федерацијата не сака да биде дел од националниот тим. Црногорците во квалификациите за Европското првенство во Хрватска се наоѓаат во група со Шведска, Русија и со Словачка.