Лино и Хрватска во Швајцарија го потврдија првото место во групата

Хрватската ракометна репрезентација го потврди првото место во групата и патува на Европското првенство (ЕП) како лидер, со триумф од 28-33 (13-17) на гостувањето во Швјацарија.

Лино Червар имаше проблеми и главоболки поради повреди, но, сепак, тимот покажа карактер и цело време водеше на гостувањето. Швајцарија покажуваше заби, цело време бркаше резултат, но ниту еднаш не успеа да ја загрози посакуваната победа за „каубоите“.

Главен играч кај Швајцарците беше Шмид кој даде дури 15 погодока, додека кај Хрватите, најмногу се истакнаа Степанчиќ со осум и Дувњак со седум гола. Во последното коло од квалификациите Хрватска ќе ѝ биде домаќин на Белгија.

„Коцкестите“ се една од повластените репрезентации пред ждрепката и заради близината со австриската граница, групната фаза ќе ја играат во Грац и се предвидува да бидат бодрени од многу навивачи.

По Европското првенство Лино Червар најави повлекување од селекторското место на „каубојите“.