• Мартин Танасковски
Екипата на Еурофарм Пелистер беше во егал со Гумерсбах во Германија, но целиот меч тргна во поинаков правец откако два напади „седум на шест“ не се искористија, а ривалот избега резултатски.
Тоа беше знак за тајм-аут на Лино Червар, кој не штедеше зборови пред своите ракометари. Посебно ја критикуваше одбраната со сочна пцовка, па посочи дека тој сегмент од играта мора да се поправи.
Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ има еден освоен бод заради ремито со Гдањск во Полска, а дома загуби од Ла Риоха од Шпанија. Ова за тимот е прво соочување со Гумерсбах од Германија.



