Линдгрен: Вардар беше подобар, но од поразот ќе извлечеме поука

Нашиот ракомет шампион Вардар вчера стартуваше со триумф од 23-28 на гостински терен кај Кристијанштад, а нивниот тренер Ола Линдгрен по натпреварот изјави дека Вардар едноставно беше подобар, иако тие се обидувале да наметнат свој стил на игра.

„Нашиот тим сезонава е млад, но се обидуваме да играме на наш начин, со добра одбрана, брзо, со брзи контри и да не правиме многу технички грешки. Ни требаат и лесни голови. Но, Вардар беше подобар, имавме респект пред Вардар, а сега знаеме како да играме и да бидеме подобри и ќе извлечеме добри поуки“, изјави Линдгрен.

За шведскиот тим денешниот пораз беше нивни трет во исто толку натпревари со нашиот шампион. Во второто коло Кристијанштад гостува кај актуелниот шампион Киелце, а Вардар на домашен терен игра против Мешков Брест, со кој веќе еднаш играа на стартот на СЕХА и ремизираа.