
Шведскиот првак Кристијанштад, по поразот на домашен терен од Мешков Брест со 30-32 во натпревар во кој остави солиден впечаток, загуби и на гостувањето кај Вардар во Скопје со убедливи 33-25. Стратегот на Кристијанштад смета дека стартот го решил мечот.
„Честитки за Вардар, играа многу силно на стартот, а ние бевме ужасни. По десетина минути веќе мечот беше решен. Не бевме остри во одбраната, немавме одбрани на голманите и не можеме да постигнуваме лесни голови. Не бевме во можност да му дадеме отпор на Вардар. Тие се силен тим, ова е разочарувачки пораз за нас, но мораме да учиме од нашите грешки на натпреварите и да бидеме подобри во иднина“, вели Линдгрен.
Кристијанштад во следното коло од Лигата на шампионите игра на домашен терен против моќната Барселона.