Линц го претстави новиот тренер на Никола Костески

Австрискиот прволигаш Линц, за кого веќе втора сезона настапува македонскиот ракометар Никола Костески го претстави својот нов тренер. 

Поради лошите резултати на стартот од новата сезона и шесте порази во воведните седум кола, раководството на клубот се реши да му врачи отказ на српскиот стратег Славко Крњајац и експресно ја пронајде неговата замена.

Нов предводник на клупата на Линц ќе биде поранешниот словенечки репрезентативец Славко Вуњац, кој пред себе има тешка задача да го врати тимот на победничките патеки. Впрочем, викендов што е зад нас го имаше своето деби за Линц, но иако неговиот тим одигра солиден меч не успеа да слави на дуелот со Кремс. 

Нашиот привремен репрезентативец Никола Костески игра во одлична форма оваа сезона, а токму на дебито на новиот тренер се претстави во фантастично светло, постигнувајќи 10 гола во противничката мрежа.