• Иван Димовски
Ракометарите на Лимож приредија изненадување во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во Европската лига на ЕХФ, откако пред својата публика се изборија за реми против германскиот гигант Кил.
Натпреварот во Франција заврши со резултат 26-26, а со оглед на настаните во текот на 60-те минути домашните ракометари може да жалат што на крај не извојуваа победа. Лимож го имаше водството на своја страна повеќе од половина натпревар, но во финишот Кил ги консолидира своите редови и непоразен си замина од ова гостување.
Мадсен со пет гола беше прво име во таборот на германскиот тим, додека за домаќинот најпрецизен беше Ел Дера со шест погодоци.
На вториот натпревар од вечерната програма во Европската лига Монтелје извојува голема победа на гостувањето кај Порто и во реваншот ќе влезе со предност од еден гол (29-30).
Повратните натпревари од четвртфиналната фаза се играат за седум дена.