Лијевски: Мечот со Еурофарм Пелистер треба да е најлесен теоретски, ама...

Полски Киелце во следната рунда од Лигата на шампионите ќе му биде домаќин на македонскиот првак Еурофарм Пелистер. Средбата ја најави помошникот на Талант Душебаев, Криштоф Лијевски, кој истакна дека ако се гледа ситуацијата на хартија ова треба да е најлесниот меч за полскиот тим, меѓутоа се мора да се земе како резерва.

„Ако гледаме теоретски, ова треба да е најлесниот меч за Киелце во групата, посебно затоа што играме дома, но не е баш така. Првиот меѓусебен меч покажа дека Еурофарм Пелистер има потенцијал да игра против секого, само и да потсетам, долго време имаа егал меч со Кил, а и кај ПСЖ играа слично некое време. Јасно е дека Еурофарм Пелистер има потенцијал, тоа ние го видовме сами на мечот во Битола. Во вториот дел ние застанавме, а ривалот за малку не не престигна. Сакаме да победиме на сите мечеви во ЛШ до крајот на оваа година, но мора да внимаваме, ривалот нема што да загуби.

Знам дека Еурофарм Пелистер нема да се откаже, Ако има свој ден, може да ни направи проблем. Се работи за тим кој игра со различни системи, ја направивме анализата. Брзо се менуваат во одбраната од 6-0 на 5-1. Ги имаме деталите, треба само да бидеме добро подготвени за мечот“, изјави Лијевски.

Натпреварот меѓу Киелце и Еурофарм Пелистер се игра во четврток од 20:45 часот.