Лиги со најмногу учесници на ЕП: Бундселигата неприкосновена, еве каде котира Суперлигата

Одиграно е првото коло на Европското првенство, кое овој јануари се одржува во Словачка и Унгарија.

Македонската репрезентација започна со тесен пораз од Словенија. Вториот предизвик за Кирил Лазаров и неговите ракометари е Црна Гора, кој се соочува со проблеми поврзани со коронавирусот.

Нашиот национален тим ја продолжи серијата учества на големите натпреварувања. Дека ракометот е спорт број еден во Македонија покажува и податокот дека од Суперлигата има 24 играчи во тековниот континентален собир.

Бундеслигата очекувано дава најмногу репрезентативци со 87 имиња, а потоа следува француската лига (43), унгарскиот шампионат (39), па полското првенство (33).

Македонската лига има повеќе учесници на ЕП 2022 од шпанска АСОБАЛ (23), втората лига во Германија (22), руската лига (20), белоруското првенство (19)...