• Горан Упале
Еурофарм Пелистер, покрај обврските на домашната сцена, продолжува и со настапите во ракометната Лига на шампиони, каде што го очекуваат нови предизвици во продолжението од сезоната.
Првиот натпревар по паузата актуелниот македонски шампион ќе го одигра пред својата публика на 19. овој месец, кога во салата „Боро Чурлевски“ ќе гостува силниот состав на Висла Плоцк, во рамки на 10. коло од елитното европско натпреварување.
Од таборот на битолскиот клуб информираа дека билетите за овој важен дуел се пуштени во продажба и се веќе достапни за сите заинтересирани навивачи, кои ќе имаат можност во живо да му дадат поддршка на својот тим во борбата за нови бодови на европската сцена.
„Зелено-белите“ после десет одиграни натпревари во групната фаза имаат скор од две победи и осум порази, и го заземаат седмото место на табелата во групата Б, пред хрватскиот шампион Загреб.








