• Редакција Gol.mk
По норвешки Вајперс, уште еден женски клуб од самиот врв на европскиот ракомет е во тешка финансиска ситуација Барањето за поведување стечајна постапка против германски Лидвигсбург доби меѓународно влијание.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) му постави рок за германскиот шампион. HB Лудвингсбург ги освои сите домашни трофеи минатата сезона и како германски шампион треба да се натпреварува во Лигата на шампионите и да ја започне сезоната на почетокот на септември со гостување кај Подравка Вегета во Копривница.
„Европската ракометна федерација побара од клубот и привремениот стечаен управник да достават информации за финансиската состојба на клубот до понеделник, 28 јули. Дополнително беше побарано официјално соопштение од Германската ракометна федерација, бидејќи германската федерација ја одобри финансиската состојба на клубот во согласност со правилата за натпреварување при аплицирање за Лигата на шампионите за жени за 2025/26“, вели во дописот континенталната федерација.
Кога станува збор за лиценцирање на клубови за учество во европски натпреварувања, Германската ракометна федерација има само формална улога во аплицирањето. Во Германија, постои договор за пренос на надлежности помеѓу федерацијата и Женската ракометна Бундеслига е одговорна за постапката за лиценцирање, односно за потврда на финансиската сигурност на клубовите што учествуваат во Лигата на шампионите на ЕХФ.
Најдоцна до среда се очекува одлука за иднината на првакот на Германија во евро-куповите.
ФОТО/PHOTO: HB Ludwigsburg






