Од бек, од крило, од пенал, од контра - денес Мартин Серафимов погодуваше од секоја позиција, и беше нерешлива енигма за дефанзивата на Швајцарија. Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја запиша четвртата победа на ЕХФ шампионатот во Грузија, по која како првопласирана селекција од групата А ќе патува во полуфиналето на овој собир.