Личен рекорд на Радичевиќ, постигна 13 ГОЛА против Турингер!

Некогашната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ постави рекорд по бројот на постигнати голови нa еден официјален натпревар, откако носејќи го дресот на ЦСМ Букурешт постигна 13 гола во победата над Турингер со 38-30.

Црногорката го собори претходниот рекорд од 11 гола постигнат во 2011 година на дуелот меѓу Ѓер и Хипо. Крилото игра во одлична форма и на три натпревари во 2019 година постигна 29 гола.

Од следната сезона Јованка Радичевиќ ќе го носи дресот на матичниот Будуќност. Таа игра во одлична форма и беше прогласена за најдобро лево крило во светот за 2018 година.