• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометен клуб Вардар 1961 ќе добие ново име во екипата, затоа што постигна договор со млад лев бек од Португалија.
Виктор Мело, играч кој е роден во 2003 година, доаѓа во Скопje за да ја засили бековската линија на „црвено-црните“. Последниот клуб на доскорешниот младински репрезентативец на Португалија е екипата на Виторија.
Досега, Вардар како нови засилувања ги потврди бекот Стефан Петриќ од РК Партизан и крилото Марко Срдановиќ кој доаѓа од Металопластика.
Најтрофејниот клуб сезоната ја заврши на третото место во македонскиот шампионат и ако добие зелено светло од Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе игра во квалификациите за Европската лига.