Летонецот Кристопанс меѓу најдобрите во тимот на колото во ЛШ

Вардар не го одигра својот најдобар натпревар во Лигата на шампионите, но славеше во Шведска против Кристијанштад. Десниот бек на вардарци Летонецот Кристопанс се најде во идеалниот тим на колото со својата одлична инвидуална партија и осумте гола во шведската мрежа.

Домашниот голман Капелин исто така се најде меѓу избраните за феноменалната партија против „црвено-црните“.

Идеален тим на 13. коло на Лигата на шампионите: 
Голман: Ричард Капелин (Кристијнаштад)
Лево крило: Иван Никчевиќ (Спортинг Лисабон)
Лев бек: Барис Пухоски (Мотор Запорожје)
Среден бек: Себастијан Скубе (Силкеборг)
Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн Накар Левен)