Лесна победа на Вардар Јуниор во Велес

Ракометарите на Вардар Јуниор прокнижија значајни бодови на гостувањето во Велес во рамките на последниот натпревар од осмото коло на Суперлигата. Младите вардарци го совладаа Борец со 17-30 (9-11), во дуел во кој само првите 15-тина минути беа израмнети. 

Вардарци набрзина стигнаа до предност од 5-6 погодоци на стартот од вториот дел и го приведоа натпреварот до убедлива победа. Мишевски со осум и Димов со четири гола беа најефикасни во победничкиот табор, а Ристов со девет гола беше единствена светла точка во поразениот тим на Борец.

Велешани останаа заковани на последното место на табелата во Суперлигата, а Вардар Јуниор со третата победа се зацврсти на седмото место со девет бода. 

Следното деветто коло се игра в среда, а Еурофарм Работник в сабота го игра натпреварот од третото коло на ЕХФ Купот против швајцарски Берн. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0