Лесјак: Македонија добро се бореше, но сменивме тактика и дојдовме до целта

По подолго време македонската ракометна репрезентација е поразена на официјален натпревар во Скопје. Подобро од нашите ракометари беа Словенците, кои со моќно второ полувреме забележаа победа од 26-32..

По натпреварот во СЦ „Трајковски“, коментар даде поранешниот голман на пелистерци Урбан Лесјак, кој кажа:

„Треба да им честитам на Македонците за добрата борба и на публиката. Среќен сум и за нас, Македонија тргна силно и ние не се снајдовме. Сепак, потоа успеавме да воспоставиме баланс и успешно го доведовме мечот до позитивен крај. Видовме дека првата идеја не беше добро реализирана, па направивме промена. На крајот тоа беше добар потег и ни донесе успех“.

Од утре избраниците на Кирил Лазаров им се враќаат на тренинзите, а в сабота патуваат во Словенија на четвртиот натпревар од евро-квалификациите, Дуелот на словенечко тло се игра в недела од 18:30 часот.