• Зоран Мишевски

Иако видно осиромашено, четвртфиналето на СЕХА лигата донесе успеси на македонските претставници. Со две победи Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ги елиминира Татран Прешов и Војводина, а некои од актерите си добија свое место во традиционалните избори на лигата.
Урбан Лесјак од битолскиот табор и владиот Васил Гогов од „црвено-црниот“ тим се најдоа во изборот на најдобрите одбрани во четвртфиналето.
Во полуфиналето двата македонски тима се избегнаа, па битолчани ќе играат со Партизан, а скопјани со ППД Загреб или Нексе Нашице.