ВИДЕО: Лесјак е битолски херој, го фати клучниот пенал вреден – историја!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа во натпреварот против Мешков Брест по изведувањето на пеналите со 27-26 (23-23), со што си обезбедија прво учество на завршниот СЕХА-турнир. 

Одлуката на овој меч дојде во пенал-рулетот, голманите немаа некаква улога во воведните серии, а голот го промашуваа Радовиќ и Куран. Петтиот пенал за пелистерци го реализира Жарко Пешевски, па притисокот падна на Микалаи Алиохин. На голот застана Урбан Лесјак, битолската публика направи неверојатен притисок врз шутерот, а словенечкиот голман атрактивно во пад го одбрани пеналот. 

  • Одбранетиот пенал на Лесјак за победа: 

Комплетната пенал серија натпреварот Еурофарм Пелистер - Мешков Брест:

Со оваа одбрана, Еурофарм Пелистер испиша историја, бидејќи првпат ќе настапи на „фајнал-фор“ турнирот. Ривал во полуфиналето на битолчани ќе им биде унгарски Веспрем.