Леонида Гичевска се сели во силно друштво, следна дестинација е Романија

Репрезентативката Леонида Гичевска заминува по нов сериозен предизвик во кариерата и од следната сезона ќе ги брани боите на романскиот тим, Стинта Букурешт

25-годишната Гичевска доаѓа во Романија од редовите на францускиот тим Безансон, каде настапуваше минатата година. Таа е единствената Македонка која ќе има можност да настапува во една од најсилните европски лиги. 

Леонида Гичевска е родена во Свети Николе, а во кариерата досега играше за ЖРК Вардар, Металург, Куманово, Ле Пузен од Франција, а беше дел и од Локомотива Загреб, со која настапуваше во Лигата на шампионите. Гичевска од 2018 година е репрезентативка на Македонија