• Сашо Поповски

Македонската ракометарка Леонида Гичевска од наредната сезона ќе биде дел од хрватското првенство.
Нашата репрезентативка потпиша договор со Локомотива Загреб. Таму ќе ја дели соблекувалната со втората Македонка, Андреа Седлоска.
24-годишната Гичевска ланската сезона ја мина во Ле Самбр Авенуа, каде беше еден од најдобрите стрелци. Тоа ѝ донесе интерес од хрватскиот тим, кој не пропушти можност ова лето да ја доведе во своите редови.
Таа игра на левата бековска позиција. Со Локомотива во новата сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.