• Зоран Мишевски

Во најавата за новата ракометна сезона, Кил го освои германскиот Суперкуп. Во Дизелдорф, пред 3.000 навивачи, германскиот шампион со 30-29 му возврати на Лемгo за изненадувачкиот јунски пораз во полуфиналето на Купот.
Домагој Дувњак го подигна првиот трофеј за Кил во новата сезона во која „зебрите“ влегуваат посилни за Никола Билик, повратник по тешката повреда и долгата пауза. Лемго повторно покажа дека може да се носи добро со фаворитот. Јоханесон собра дваесет одбрани на голот на Лемго и беше најзаслужен за израмнетиот дуел во Суперкупот.
Дувњак постигна два гола, а Екберг беше најефикасен во пет погодоци. Кил ја отвора новата сезона в среда против Балинген, а наскоро ќе ги започне и европските аспирации, каде целта е да се врати на завршниот турнир во Келн, по кратка едногодишна пауза.