ВИДЕО: Лекиќ во стилот на Балиќ - луцидна асистенција од ЗАД ГРБ на поранешната вардарка

Лекиќ асистенција

Репрезентацијата на Србија се искачи на врвот на групата А на Европското првентство за ракометарки, по вчерашната победа над Данска.

Андреа Лекиќ, поранешниот член на ЖРК Вардар, со осум гола беше една од најзаслужните за славјето на Србинките. Покрај головите, 31-годишната ракометарка одушеви и со своите асистенции, а посебно се истакна со една, која и донесе овации од публиката.

Таа, во стилот на Ивано Балиќ, кој своевремено делеше слични додавања, ја проигра својата колешка на линијата од шест метри и ѝ овозможи лесна завршница.

Погледнете ја перфектната асистенција од зад грб на Лекиќ: